| четврток, 6 декември 2018 |

Бугари и Романци имаат по 100 милиони евра на Кипар

g_evra-novaБугарски правни и физички лица, без банките, имаат депозити во износ од 100 милиони евра во кипарски банки, покажува статистиката на Европската централна банка. Депозитите во кипарските банки изнесуваат вкупно 107,8 милијарди евра. Од нив 38,2 милијарди евра се на банки, а 69,6 милијарди евра  на други правни, но и на физички лица.

Малку повеќе од половината од вкупната сума на депозитите, 56,6 милијарди евра е на кипарските депозитори.

Романски физички и правни лица, но не и банки, слично на бугарските, имаат вкупно 100 милиони евра во кипарски банки.

На прво место, според тој показател во ЕУ, убедливо се Грците со 4,7 милијарди евра, по што следуваат Британците со две милијарди евра.

ЕЦБ не објави статистика за депозитите во кипарските банки од ЕУ земја по земја и не изнесе податоци за депозитите од држави надвор од ЕУ. Според меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“, руски банки имале вложено девет милијарди евра на крајот на минатата година во кипарски банки од банки надвор од ЕУ, (од вкупно 12,8 милијарди евра, вложени во кипарски банки од банки надвор од ЕУ, според ЕЦБ), а руските корпоративни депозити на островот изнесуваат околу 15 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top