| четврток, 6 декември 2018 |

Шербеџија ќе го снима својот филм во Битола

7D86C6553A530445B97813F66B1FA530

Познатиот хрватски актер Раде Шербеџија деновиве во Битола избира локации за снимање на филмот „Ослободувањето на Скопје“, пишува „Дневник“.  Иако филмското дејство се однесува на Скопје во Втората светска војна, добар дел од филмот ќе биде снимен во Битола заради архитектурата.

Освен по локации за снимање, Шербеџија, кој е режисер на филмот, во Битола одржа и аудиција за актери од Битолскиот народен театар.

Денес кастинг ќе има и во Скопје. Режисерот не откри кои актери ќе ги играат главните улоги во филмот, иако се зборуваше дека тоа ќе бидат познатите Бред Пит и Ванеса Редгрејв.

– Главните ликови ги имам во главата, но сеуште не сум сложил се. Јас ќе играм една од улогите. Инаку, целиот филм ќе се снима во Македонија и на македонски јазик. Дејството се одвива во 1944 година минатиот век, тоа е една воена тема. Се раскажува за едно семејство во Скопје и за тешкотиите што ги минува низ животот – изјави Шербеџија.

Снимањето на филмот ќе почне наесен и ќе трае до пролет.

Овој филмски проект е финансиски поддржан од македонскиот и хрватскиот Филмски фонд, а дополнителни средства ќе се побараат од „Еуроимаж“ и германските продуценти. Kако што изјави режисерот, ќе се работи за скап филм за наши прилики.

Шербеџија вчера присуствуваше и на промоцијата на „Kиното Манаки“, кое ќе се гради по теркот на старото на битолски Широк сокак. На промоцијата беше и министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top