Шоуто на Елен Деџенерис достигна рекорден рејтинг по гостувањето на Мадона и Џастин Бибер. Двете ѕвезди пред водителката се исповедаа за нивните валкани секс тајни, откако таа ги натера да ја играат играта „Никогаш не сум … “.
Пејачите држеа натпис „Сум правел/а“ и „Никогаш не сум“, кои ги креваа високо, по секое тврдење на водителката.
Еве што успеа Елен да измкне од двете музички звезди:
„Никогаш не сум правел/а секс по телефон … “ , на кое Мадона и Бибер одговорија позитивно.
„Никогаш не сум користел/а нечива четка за заби, без да му кажам …“. Џастин призна дека не го направил тоа, додека поп кралицата спротивното.
„ Никогаш не сум се сексал/а во бањата на забава …“. И двајцата признаа дека имале слични искуства, а Мадона додаде: „Сепак сме 21 век !“
„ Никогаш не ме исфрлиле од бар … “. За жал, Мадона преживеала такво нешто, додека Бибер упорно негира, иако сите се сеќаваат на медиумските наслови, во кои тој се покажа како проблематичен гостин на ноќни клубови и се налагаше да си замине. Џастин сепак се измкна , постојано повторувајќи: „Што? Па јас само што наполнив 21 година“, алудирајќи на тоа дека досега немал право да посетува барови, поради што нема како да биде исфрлен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На 17 години била силувана и одбила да абортира – таа е мајка на позната ѕвезда
-
Во прашокот за перење додаjте го овој зачин – ќе ви биде жал што порано не сте го знаеле овој трик
-
Даниел Крег предложи позната водителка да биде првиот женски Џемс Бонд (фото)
-
Бибер: ЕУ е дел од решението, но и од проблемите во Македонија