Еден од шефовите на „Катар Ервејс“ одлучил да посрамоти една колешка кај неговите вработени испраќајки на целиот воздухопловен персонал компромитирачка фотографија на пијаната стујардеса како лежи на под. Тој изрази разочарување во неговата електронска порака до вработените поради срамната сцена.
На фотографијата, жената лежи онесвестена во зграда каде компанијата и обезбедува сместување, а наводно била донесена по една ноќ помината со пријателите во Доха. Не е познато кој ја снимил фотографијата.
Росен Димитров, претседател на „Катар Ервејс“, во имејлот напишал:
– Погледнете ја фотографијата на стјуардеса откако мртва пијана се вратила во нејзиниот стан. Ја оставиле на влезот во зградата каде таа заспала. Таа била таму се додека другите членови од персоналот не поминале и ја однеле во нејзиниот стан. Се срамам и вознемирен сум заради ваквото однесување на вработен во нашата компанија, возрасна личност која во компанијата работи веќе девет години. Како воопшто можеме да ги промениме правилата, ако не се однесување како зрели поединци. Многу сум разочаран – напиша Димитров.
Алкохолот во Катар е забранет, но се точи во ретки барови за странци и во елтините хотели. Ако некој по конзумирањето алкохол седне во автомобил и налета на полиција, ризикува протерување од земјата. Пијанството на јавни места исто така, се смета за прекршок. Странците кои таму живеат можат да купуваат алкохол, но процедурата за тоа е многу комплицирана. Забрането е да се внесува алкохол, продавање на алкохол или нудење на муслимани во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.