Никола Маџиров учествува на Меѓународните поетски средби во Белград во организација на Белградскиот центар за култура чие главно мото е „Чуму поезија”, а во чиј фокус е современата европска поезија. Настанот почнува во петок, а главен повод е одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. Освен Маџиров, учествуваат и поети од Австрија, Шпанија, Летонија, Полска, Ирска, Чешка, Франција и други земји. Освен читања, ќе се разговара и за сложениот односот меѓу поезијата и медиумите. Истовремено, во Балтимор, САД, на 19 март ќе биде отворена изложбата „Дом – Проект 837” која вклучува слики, фотографии и поезија од уметници од речиси сите страни на светот. Маџиров е претставен со неколку песни кои го отвораат прашањето на домот и современото номадство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија