Вечерва, во 20 часот во „Сити хол“ македонската пејачка Мијата ќе го промовира првиот и долго очекуван албум „Небеска“.
На албумот има 13 песни, од кои некои се преаранжирани, а има и неколку нови. Издавач на албумот е Ѓоко Мишковски со своето „Рок & рол студио“ и ова ќе биде нивна прва соработка. На албумот Мијата авторски соработува со Тања Рибарска, Трајко Симоновски-Таци, Давор Јордановски, Весна Малинова Бабамова и други, а секоја од песните е во живо отсвирена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата вечерва во Македонска филхармонија
-
Акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата во Македонската филхармонија
-
Мијата манекенка на Моден викенд Скопје
-
„Дај ми да бидам човек свој“ – порачува Мијата (видео)