| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе билда гол-разлика со Швајцарија

Македонската футсал репрезентација пропушти убава можност да ја победи Унгарија во првото коло од квалификациите за пласман на ЕП, со гол примен во последната минута го прокоцкавме водството од 3-2, па сега ни останува да атакуваме на што повисока победа против аутсајдерот Швајцарија.

Според сите проценки Швајцарците се најслабата селекција во скопскиот квартет, во кој се и моќната Шпанија, Македонија и Унгарија. Шпанците вчера ја декласираа Швајцарија со 9-1, што дава надеж дека и избраниците на Васко Скендеровски денеска од 19 часот можат да очекуваат убедлив триумф.

ffmm

Првопласираната селекција од групата ќе игра на ЕП во Србија, а второто место гарантира бараж меч на кој триумф би значел учество на континенталниот шампионат.

Дуелите се играат во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Првиот меч од втората рунда ќе го играат Шпанија и Унгарија од 16,30 часот, а по нив ќе играат Македонија и Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top