| четврток, 6 декември 2018 |

Се прошетала гола низ градот за да докаже дека модата е бесмислена

erika simon

Французинката Ерика Симон, која е фотографка, решила да испита каков би бил светот кога не би носеле облека.

Ерика веке 12 години живее во Њујорк, и тука решила да направи мал експеримент.

Таа решила на повеќе јавни места да се фотографила сосема гола, а според нејзините тврдења, немала никакви непријатности додека низ градот шетала без облека.

– Забележав дека денес луѓето повеќе се загрижени за тоа што има да се купи во продавниците за облека, отколку за бездомниците покрај кои секојдневно поминуваат. Се прашував што би било кога не би носеле облека и кога карактерите би ги изразувале само со своето тело – изјавила Ерика.

-Не се обидувам никого да шокирам, јас создавам уметност – додала фотографката, која се надева дека ќе успее да заработи одреден износ за да издаде книга со голи фотографии смимени при нејзините голи прошетки низ Њујорк. Таа така сака да докаже колку денес луѓето се опседнати со модата и со купувањето нова гардероба.

Таа ги повикува корисниците на социјалните мрежи да ја „лајкуваат“ нејзината страна затоа што така, можеби, ќе освои нешто подобро од гардероба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top