Мртвото тело што беше пронајдено во струшкото село Дрaслајца најверојатно е телото на исчезнатиот телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, дознава „А1он“.
Обдукцијата на телото треба да ја потврди идентификацијата. Труот што беше пронајден бил во распаѓање и било многу тешко да се утврди неговиот идентитет. Причините за смртта и идентификација ќе ги утврди Институтот за судска медицина по обдукцијата.
Телохранителот на струшкиот градоначалник Зијадин Села се води за исчезнат од 6 февруари, а неговото возило беше пронајдено неколку дена по исчезнувањето, во Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.