Грчките банки се погодени од нови турбуленции поради финансиската несигурност на земјата и несогласувањата меѓу Атина и нејзините кредитори, и банкарските акции вчера загубија повеќе од осум проценти од својата вредност, а одливот на депозити е далеку поголем од претходните денови, јавува дописникот на МИА од Атина.
Претставници на кредитниот сектор проценуваат дека само вчера се подигнати 350 до 400 илјади евра депозити, што е за околу петпати повеќе од просекот на дневните состојби во претходните денови. Тие додаваат дека вчера биле повлечени најмногу пари од 20 февруари, кога беше постигнат договор со Еврогрупата.
Ова следува по изјавата во вторникот на шефот на Еврогрупата Јероен Дијселблоем во врска со можноста од наметнување контрола врз капиталот во Грција. Исто така, имаше серија изјави од грчките и европските претставници, кои ја влошија климата меѓу двете страни, тренд што продолжи и вчера.
Во овој контекст, банките се загрижени од нов бран повлекувања пари, додека кредитниот систем е на работ и Европската централна банка ја снабдува ликвидноста само „капка по капка“, коментираат аналитичарите.
Управниот совет на ЕЦБ денеска се очекува да го обнови финансирањето на грчките кредитори преку механизмот за помош за итна ликвидност (ЕЛА) на Банката на Грција, со што најверојатно ќе се зголеми лимитот за финансирање, кој сега изнесува 69,4 милијарди евра. Зголемувањето сепак ќе биде мало, исто како што беше случај на последните неколку состаноци на Одборот на ЕЦБ, односно само за покривање на неопходните финансиски потреби.
Депозитите и кредитниот систем доживеаја голем удар во последните неколку месеци поради политичката и економска несигурност, како и поради отсуството на каков било напредок кон изнаоѓање решение за ќор-сокакот меѓу Грција и нејзините доверители. Банките проценуваат дека депозитите на населението и претпријатијата се намалија за околу 26 милијарди евра од крајот на ноември, и денес изнесуваат не повеќе од 138 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција