| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ќе ја тужи Русија пред Судот во Хаг

arsenij_jaceniuk

Украина ќе поднесе тужба против Русија пред Меѓунарoдниот суд во Хаг, за воена агресија врз украинска територија, соопшти денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењеук.

Според Јацењук, како што јави Укринформ, извршените вештачења на обраќањата на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу во врска со анексијата на Крим, „содржат јасни докази за кршење на меѓунардонто право“.

– Тие давале дирекни наредби за анексија на Крим и за воена интервенција против Украина, изјави Јацењеук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top