Деветнаесет лица, меѓу кои и 17 туристи, загинаа во денешниот напад врз музејот „Бардо“ во Тунис, изјави тунискиот премие Хабиб Есид.
Тој информира дека меѓу убиени туристи има државјани на Полска, Италија, Германија и Шпанија.
Во инцидентот се ранети 22 туристи, како и две лица од Тунис.
Двајцата киднапери се убиени од силите за безбедност, нагласи Есид.
Инцидентот започна кога група мажи облечени во маскирни униформи и вооружени со „калашникови“ упаднаа во музејот и отворија оган кон група туристи. По нападот двајца вооружени мажи се забарикадираа во музејот, каде како заложници задржаа група туристи. Во време на нападот во музејот имало најмалку 100 туристи. Туниските сили за безбедност попладнево ги ослободија сите заложници.
Во операцијата беа убиени двајцата киднапери и еден полицаец. Музејот „Бардо“ се наоѓа до зградата на Парламентот на Тунис, па во првичните извештаи се јавуваше дека цел на нападот бил тунискиот Законодавен дом. Во време на нападот врз музејот, во Парламентот се одржувале седници на неколку парламентарни комисии, кои биле прекинати, а пратениците биле повикани да се соберат во фоајето на зградата, по што се евакирани заедно сите вработени и присутни во објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија



