Пожар избувна на врвот на еден од облакодерите во парискиот бизнис кварт „Дефанс“, јави електронското издание на весникот „Фигаро“.
Кон областа се упатени голем број пожарникарски екипи.
Пожарот зафати еден од двата облакодери во комплексот, познат под името „Срцето на Дефанс“, изграден во 2001 година од компанијата „Буиг“. Во комплексот влегуваат две кули со по 40 ката и три станбени згради со вкупно 350.000 квадратни метри површина.
Се претпоставува дека причина за пожарот е запалена електрична инсталација на покривот на една од кулите. Последните катови на зградата се зафатени од густ чад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.