| четврток, 6 декември 2018 |

Германски инвеститор ќе вработи 1.000 работници во „Порцеланка“

Во Велес ќе инвестира уште една странска компанија. Германска компанија ќе вработи 1.000 лица за почеток, а сево ова заедно со досегашните инвестиции, во Велес ќе бидат обезбедени над 2.000 директни вработувања. Индиректните ќе изнесуваат околу 8 илјади.

-Нема повеќе да зјаат празни халите на некогашна „Порцеланка“. Тука својата инвестиција ќе ја реализира новиот странски инвеститор. Името сеуште не се соопштува. Она што се знае е дека инвеститорот доаѓа од Германија. Не се обелоденува ниту што се ќе произведуваат најавените илјада вработени, објави МРТ.

„Беа претставниците на фирмата во Велес, разговаравме, не е прв пат, очигледно е дека Велес е интересен за инвеститорите“, изјави Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

За две години ова е трета странска инвестиција во Велес. Маркарт, Јапоне и оваа инвестиција ќе обезбедат вработување на 2.000 работници. Сертификатот што го доби општината за најдобро бизнис опкружување ги дава резултатите, велат економистите. Локалната економија јакне. Добивката е многу поголема од бројот на новите дирекни работни места.

„Знаејќи дека едно вработување повлекува вработување на четири други лица, тоа е доволен индикатор дека во 2015-та и 2016-та драстично ќе се намали бројот на невработени“, изјави Виолета Галева, економист.

Околу 8.000 велешани гледаат решение на проблемот со невработеноста во овие странски инвестиции.

„Добро е, ќе има вработување… Добро е, има потреба од нови работни места“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Невработените покрај можноста да се вработат во една од трите странски инвестиции, оваа и наредната година ќе имаат можност својата егзистенција да ја побараат во некоја од локалните комании кои во индустриските зони „Речани“ и „УЗУС 2“ градат производствени капацитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top