Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, е единствениот оптимист кој смета дека под определени услови уште неделава е можно постигнување спогодба меѓу Грција и нејзините европски партнери за деблокирање на кредитите за земјата, соопшти весникот „Имерисија“.
Треба да привршат преговорите со Грција.Со неа во принцип има една спогодба во рамки на Еврогрупата. Грција треба да даде предлози за реформи, за инвестициската рамка на земјата и за заживување на економијата. Време е веќе, не можеме да чекаме за да стигнеме до компромис. Се наоѓаме во последната етапа од преговорите, нужно е решение пред завршувањето на овој месец, рече Мартин Шулц, отфрлајќи ја можноста од Грексит (Grexit) или излегување на Грција од еврозоната.
– Не. Ако сакате некој да остане во едно семејство, не правете истражувања за негово евентуално напуштање. Напорно работиме за да ја задржиме Грција во еврозоната. Нејзиното останување е од заеднички европски интерес, рече уште Шулц.
Оптимизмот на претседателот на ЕП доаѓа на одгласите за рафален оган од негативни коментари на адресата на Грција од страна на други европски претставници, како што се шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, кој не ја исклучува можноста од „кипарско сценарио“ за земјата.
Германскиот канцелар Ангела Меркел, исто така, кажа дека нејзината средба со грчкиот премиер во Берлин, во понеделник, во никој случај нема да ја смени оценката на тројката за грчката економија.
Европската комисија се закани дека ќе ги блокира предлог законите, што ќе бидат поднесени од грчката Влада за надминување на хуманитарната криза и за воведување даноци на сто увози, со мотив дека тоа се еднострани дејствија, што не се усогласени со кредиторите.
Истовремено, „Морган Стенли“ и „Мудис“ во своите анализи повторно ја отворија темата за Грексит, предупредувајќи дека не е исклучено до тоа да дојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


