| четврток, 6 декември 2018 |

„То’ак“ е најскапото чоколадо на светот

toak

„То’ак“ е најскапото чоколадо на светот бидејќи 42 грама од овој десерт чинат 245 евра.

Составот на чоколадото е 81 отсто какао и 19 проценти органски кафеав шеќер.

Ова чоколадо се произведува на плантажите во Еквадор. Основач на компанијата која го произведува најскапото чоколадо, Џери Тот, не сака луѓето во неговиот производ да уживат кратко и периодично.

– Една од работите кои сакаме да ги направиме е да го продолжиме тоа искуство и луѓето чоколадото да го гледаат како шише вино – изјави Тот.

Со ова чоколадо има и посебно пакување, во куптија направено до шпански брест, дрво кое е задолжено и за ферментација на зрната какао. Во пакетот има и дрвени стапчиња за јадење на чоколадото, бидеќи маснотиите на прстите го расипува вкусот на десертот, како и хартијата на која се впишани интересни детали за производот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top