Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев смета дека е можно кризата во Украина да се развие во т.н. „замрзнат конфликт“.
– Загрижени сме што Русија веќе има произведено голем број замрзнати конфликти, изјави Плевнелиев, укажувајќи дека на повидок е „триумфален лак“ на замрзнати конфликти на Црно Море.
Според него, тоа е негативен тренд, кој се случил минатата година во Европа, а украинскиот конфликт претставува промена на парадигмата.
– Никој не очекува една светска сила да не го почитува територијалниот интегритет на друга држава, да ги поместува границите со оружје и окупација. Сега сите се будат и велат дека не ја очекувале украинската криза. кој е следен и дали ќе се случи во друга земја?, нагласи Плевнелиев.
Бугарскиот претседател истакна дека неговата земја ја поддржува примената на Планот за зголемена готовност на НАТО, додавајќи дека тоа не е насочено против Русија, туку станува збор за можност за брзо реагирање на земјите-членки во случаи на дестабилизирање, со цел да не и се случи на некоја друга држава украинското сценарио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.