Канjе се пофали со својата секси сопруга и објави нејзини разголени фотографии на „Твитер“. Фото сесијата е направена пред Ким да стане русокоса.
Под една од фотографиите, Канје има напишано:
-Толку сум среќен. Честитки бејби за 30-те милиони следбеници на „Твитер“.
– Честитки и за премиерата на шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ вечерва, продолжува уште Вест.
Во последната епизода на шоуто, Ким објасни дека со Канје активно се обидуваат да направат второ дете. Таа изјави дека се фотографирала гола, за да го прослават начинот на кој изгледа нејзиното тело сега.
А Канје Вест очигледно е многу горд на нејзините облини и знае како да се пофали со нив!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.