Словенечката полиција при контрола на автомобил, со кој управувал Италијанец, пронашла Украинка скриена во куфер, на граничниот премин Пожане – Сочерг, на хрватско-словенечката граница.
Педесет и двегодишната Украинка се обидела да влезе во Европската унија преку Словенија, а во намерата ѝ помогнале 54-годишниот Италијанец и заедно со уште една државјанка на Украина. Педесет и двегодишната жена имала истечена виза за престој во Италија, па поради тоа словенечката полиција на граничниот премин Пасјак – Старод не дозволила да влезе во Словенија. Поради тоа, одлучиле да ја прошверцуваат во куфер, но за нивна несреќа не успеале. За тројцата се поднесени прекршочни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.