| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Реал Мадрид лути поради превисоките цени за неделното „Ел Класико“ на Камп Ноу

Разочарувањето на навивачите на Реал Мадрид е огромно пред големото „Ел Класико“ што ќе се игра во недела на стадионот на Барселона, Камп Ноу. Причината е одлуката на управата на каталонците да ги крене цените на билетите наменети за гостинските навивачи и местата кои е одредени за фановите на Реал Мадрид.
За едно од 500. места кои ќе ги добијат „кралевите“ ќе мора да се плати по 111 евра и да го проследат натпреварот буквално со двоглед бидејќи ќе бидат сместени во последните редови на врвот на трибината на најголемиот стадион во Европа.

– Гледањето на нашиот клуб на „Ел Класико“ во Барселона секако нема цена и ќе платиме колку што е потребно за да го бордиме Реал Мадрид. Сепак односот на противничката управа е крајно некоректен. Мора да се истакне дека пред неколку месеци фановите на Барса плаќаа по 70 евра за да го следат дербито на „Сантијаго Бернабеу“, што е значителна разлика во цената – порачаа навивачите на кралскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top