Дваесет и пет годишниот Тони Карачоски кој избега од душевната болница во Демир Хисар е пронајден мртов над селото Варбино во месноста Чешмиче.
Полицијата изврши увид на местото каде што беше пронајдено телото на веќе починатиот, по што ќе работи на целосно расчистување на случајот. Засега нема детали од што и како починал.
Инаку, полицијата по исчезнатото лице трагаше уште пред 10 дена, а семејството преку медиумите апелираше за помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.