Повеќе од 1.500 полицајци ќе се грижат за безбедноста на квалификацискиот натпревар меѓу Хрватска и Србија што ќе се одигра во петок на Максимир во Загреб. Меѓу полициското обезбедување ќе има и четворица српски полицајци кои имаат големо искуство со навивачи, пишува хрватски Јутарњи лист.
Началникот на полициската управа на Хрватска, Крунослав Боровец изјавил дека припремите на полицијата за овој натпревар траат три месеци. Точната бројка на полицајци што ќе бидат ангажирани не ја соопштуваат, но сигурно ќе биде засилено.
Боровец најавил дека во случај на навредливо скандирање на трибините од типот „Умри Србине“, ќе следуваат казни за поттикнување омраза и дискриминација, а организаторот ќе мора да ги предупреди гледачите дека натпреварот може да биде прекинат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


