Во пресрет на еден од најзначајните природни феномени, фановите на селфи фотографии добија специјално предупредување: во никој случај да не си прават селфи фотографии со затемнувањето на сонцето, бидејќи тоа е исклучително опасно.
Според експерти, цитирани од весникот „Дејли Мејл“, тоа може да доведе до трајно оштетување на очите.
На 20 март луѓето во одредени делови на земјината топка ќе имаат единствена шанса да го набљудуваат целосното затемнување на Сонцето. Тоа ќе биде последното од овој тип за следните 11 години.
Астрономи сакаат да го пренесуваат во живо настанот, а емитувањето ќе може да се гледа на мобилни апарати. Во Европа феноменот ќе се набљудува од Норвешка и Фарските Острови.
Од британскиот колеџ на оптометристите, предупредија дека фотографиите со мобилен телефон се способни да предизвикаат исто толку последици, како и директното да зјапате во Сонцето, кое може што може да ја изгори ретината и да предизвика слепило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



