Украинската полиција добила налог да пука во луѓето поради големите нереди кои избиле во градот Константиновки на истокот на Украина.Во вчерашните нереди оклопно возило на украинската војска покосило пешаци на улица и прегазило 8-годишно девојче, кое починало на самото место, во рацете на својата мајка.
Министерството за внатрешни работи на Украина соопштило дека воено возило налетало на тројца пешаци, од кои починало едно девојче, а една жена и бебе во количка биле пренесени во болница.
Локалните медиуми пишуваат дека возилото со украинските војници со голема брзина се движело на улиците на Константиновки, а потоа изгубило контрола и ги прегазило пешаците, додека некои сведоци наведуваат дека возачот на оклопното возило бил пијан.
Тензиите во градот сè уште се високи, а полицијата добила овластување да користи вистинска муниција доколку дојде до поголеми судири со локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина