Грција може да не добие пристап до европските фондови ако не ги исполни обврските преземени во рамките на спасувачкиот план, во согласност со новите прописи на ЕУ за структурни фондови, тврди весникот „Вима“.
Весникот се повикува на информативни извори, кои сметаат дека, според промените во политиката на ЕУ за новиот програмски период, средствата од европските фондови, кои Грција ги користи по линија на Национална стратегиска референтна рамка, е можно да не бидат обезбедени, ако Европската комисија утврди прекршување од земја-членка на Унијата на договорените буџетски и макроекономски обврски.
Грчката фондација за европска и надворешна политика во свое соопштение наведува дека во новите прописи за европските структурни фондови за прват Брисел го поставил како услов за добивање средства тоа секоја земја-членка да ги почитува препораките на Европскиот совет, поврзани со новата фискална и макроекономска политика на Унијата.
Според весникот „Вима“, ваквиот услов, кој досега важел само за Европскиот кохезивен фонд, ќе влијае на земјите што се во режим на меморандум и спасувачки програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!