| четврток, 6 декември 2018 |

Лидери на Муслиманско братство осудени на смртна казна

­ Египетски суд осуди денеска 14 лидери на Муслиманско братство на смртна казна.

Меѓу нив е и врховниот лидер Мохамед Бадие.

Четиринаесетте раководители на организацијата која во 2013 година властите ја оквалификуваа како терористичка, беа обвинети од судот за планирање насилни активности против државата, наведуваат локални медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top