| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Грчката Влада ја урна нашата доверба

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска ја обвини грчката Влада дека е одговорна за целосно уривање на довербата на нејзините европски партнери.

Според Шојбле, лани во ноември Грција била на пат да излезе од должничката криза во која се наоѓа, но дека сега благодарејќи на новата Влада во Атина состојбата е драстично променета.

– Тие ја урнаа нашата доверба. Тоа е еден тежок чекор назад – изјави германскиот министер за финансии.

Шојбле оцени дека концептот на сегашната Влада во Атина е нефункционален и му порача од грчкиот премиер Алексис Ципрас „да не ги залажува своите граѓани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top