Од Градското собрание на Сан Франциско, размислуваат да користат ново оружје во борбата против луѓето кои уринираат по улиците и на тротоарите. Тоа е боја отпорна на течности, која ги враќа телесните течности назад кон оние кои не сакаат да ги користат местата наменети за тоа.
Бојата која не впива течности, веќе се користи во други градови, меѓу кои Хамбург, познат по посетители во квартот на црвените фенери.
Јавната група „IG St. Pauli“ се зазела да ги офарба често користени ѕидови во соседството и да стави натписи со предупредување:
„Не уринирајте тука. Уринираме назад!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.