Инцијативниот одбор за промени во македонската кошарка го предложи легендарниот македонски играч Петар Наумоски за свој кандидат за нов претседател на КФМ.
Дел од прволигашите предводени од МЗТ Скопје и Карпош Соколи побаар актуелнито претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски да организира Вонредно Собрание, за што како што велат има расположение од мнозинството клубови.
„Иницијативниот Одбор имаше средба со Петар Наумоски, кој прифати да биде кандидат за претседател на МКФ, откако актуелниот претседател би бил разрешен на Вонредното Собрание што го бараме. Редно е нашите проверени спортисти да седнат на чело на федерацијата и да придонесат за дополнителен развој. Јас не би сакал оваа прес-конференција да ја прошируваме во објаснувањето, бидејќи секој клуб што е потпишан на оваа иницијатива има свои причини да бара смена на претседателската функција. Очекуваме Собранието да биде свикано, а таму ќе биде дискутирано подетално од страна на клубовите за причинините за незадоволството и за евентуален избор на Наумоски за нов прв човек во македонската кошарка“, изјави Видоја Секуловски, претставник на МЗТ Скопје.
Димевски досега имаше одлични резултати, а под негова палка како прв човек на КФМ го освоивме четвртото место на ЕП во Литванија 2011 година, што е најголем репрезентативен успех на било која селекција откако Македонија е независна, а имаме и континуитет во настапите на Европските шампионати. Македонија ќе игра и на следното ЕП годинава во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.