| четврток, 6 декември 2018 |

Од јуни годинава важат нови правила за означување на храната

декларација

Од јуни годинава означувањето на прехранбените производи мора да биде лесно забележливо, читливо и разбирливо. Според најновите законски измени донесени во согласност со барањата на Европската унија, треба јасно да се наведуваат потеклото, отстапките во нето-тежината и особено алергените и нутритивните карактеристики.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата за храна и  заветеринарство (АХВ) Зоран Поповски, станува збор за законска обврска, која ќе ја регулира пазарната конкуренција, а на потрошувачите ќе им овозможи да го направат вистинскиот избор.

Ако означувањата не се соодветни, односно законската обврска не се почитува, ќе има парични казни до 5.000 евра за правните лица. При контролите нема да се прават отстапки.

– Веќе нема да зборуваме за означување на храната, туку за прецизни конкретни, детални информации, кои нема да го доведат купувачот во заблуда. Напротив, ќе му овозможат да го направи најсоодветниот избор. Со вакото решение се регулира и конкуренцијата на пазарот. Извозниците веќе го применуваат, од декември минатата година, а сега, од јуни 2015 година, тоа станува задолжително и за операторите кои ги пласираат производите на нашиот пазар – нагласи Поповски на прес-конференција во Стопанската комора.

За полесно совладување на новите прописи, операторите со храна добиваат посебен Водич, специјално изработен за оваа намена. Водичот веќе се промовира и дистрибуира во рамки на Отворените денови на Агенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top