Рускиот претседател Владимир Путин денеска првпат се појави во јавност од 5 март, а неговото отсуство поттикна голем број шпекулации.
– Без шпекулации животот би бил здодевен – истакна Путин, коментирајќи ги наводите на медиумите, по состанокот во Санкт Петербург со претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбајев.
Путин не се имаше појавено во јавност од петти март по средбата со италијанскиот премиер Матео Ренци, а откажа и неколку средби, меѓу кои и посетата на Казахстан.
Медиумите и социјалните мрежи шпекулираа дека Путин има проблеми со грбот, дека има грип, дека е сменет со државен удар, па дури и дека добил дете со поранешната гимнастичарка Алина Кабајева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.