| четврток, 6 декември 2018 |

Тарчуловски во Македонија по 19 април

Johan-Tarculovski-slajder

Хашкиот трибунал се согласил за предвремено ослободување на Јохан Тарчуловски и дека се чека формализирањето на одлуката по 19 април, пишува МКД.МК

Адвокатите на Тарчуловски ја потврдуваат информацијата за подготвеноста на Хашкиот трибунал за негово ослободување затоа што веќе издржал две третини од вкупната казна од 12 години затвор.

И затворската управа во германскиот затвор во Диц и во затворот Шевенинген потврдиле дека Тарчуловски за време на одлежувањето на казната се однесувал примерно.

Јохан Тарчуловски беше осуден за сторени воени злосторства во 2001 година со казна затвор од 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top