| четврток, 6 декември 2018 |

Румена Бужаровска ќе го промовира хрватскиот превод на „Осмица“ во Загреб

Во Загреб ќе се одржи промоција на хрватскиот превод на збирката раскази „Осмица“ од македонската писателка Румена Бужаровска. Во 19.30 часот во книжарницата „Богдан Оризовиќ“ во Загреб ќе се одржи промоција на хрватскиот превод на збирката раскази „Осмица“ од македонската писателка Румена Бужаровска, во издание на хрватската издавачка куќа „Алгоритам“.

За расказите ќе зборуваат македонистот Ивица Баковиќ, уредникот на „Алгоритам“, Круно Локотар, како и авторката. За збирката „Осмица“ издавачот кажува: „Расказите на Румена Бужаровска се напишани со обичен, може да се рече демократски вокабулар, од средниот стилски регистар. Нејзините ликови се фино распространети по сите животни векови, од детство до старост, а се работи за раскажувачки или пак за раскази во чиј фокус се женски ликови. Ликовите, не само женските, се исклучително пластични, скулптури од зборови. Тајната на нивната уверливост е во човечноста: впечатливи се по своите слабости и несовршености. Психопортретите на ликовите се исцртани во неколку потези, но сепак раскошно. Расказите се драми од секојдневието, често кондензирани во неколку часа, напнати како крими-филмови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top