Луис Хамилтон имаше победнички старт на патот кон одбраната на шампионската титула во Формула 1. Британецот славеше на првата Гран при трка сезонава, Големата награда на Австралија во Мелбурн.
Стартувајќи од пол позицијата, Хамилтон веднаш потврди дека е главен фаворит за нова титула и ја прокнижи 34. победа во кариерата. Мерцедес забележа еден-два победа, бидејчи зад Хамилтон втор целта ја мина неговиот клупски колега Нико Розберг со заостанување од 1,3 секунди.
Себастијан Фетел заврши на третата позиција на дебито со Ферари, пред возачот на Вилијамс, Фелипе Маса.
Првата трка од новиот шампионат ја одбележа апсолутната доминација на Мерцедес, како и грешките кај сите останати тимови. Хамилтон без проблеми водеше оставајќи го Розберг зад себе, а Фетел до третото место стигна во битката со Маса, и тоа благодарение само на подобрата тактика за заминувањето во боксот.
Големата награда на Австралија не донесе многу возбудливи моменти. На стартот се најдоа 15 возачи, а целта ја минаа 11 од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.