Турција и САД постигнаа договор за користење на базата Инџирлик за распоредување американски воени беспилотни летала со цел поддршка на операциите на коалицијата против Исламска држава, објави Хабер турк.
Според весникот, во следните три недели во Инџирлик ќе бидат доставени два беспилотни авиона.
Во изминатите 3,5 години во Инџирлик биле распоредени четири беспилотни летала Предатор користени од САд за разузнавачки летови врз Ирак и Сирија. ГШ на турската армија се уште не ја коментирал официјално информацијата за договорот со САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.