Иако не дадовме ветување пред изборите, сепак деновиве работиме планирање на еден проект со кој сакаме на сите студенти, на сите државни и приватни универзитети, кои за првпат запишале трета или четврта година, а чиишто семејства немаат поголем месечен приход од просечна нето-плата во Македонија, која во моментот изнесува околу 21.500 денари, да им овозможиме бесплатно да дојдат до таблет со тастатура, сè со цел да им помогнеме да се здобијат со поквалитетно образование, со повеќе можности, шанси, и еднаквост со тие чиишто родители имаат поголема заработка – посочи денеска премиерот Никола Груевски.
На присутните во СРЦ „Борист Трајковски“, каде што се собраа огромен број поддржувачи на владејачката партија, лидерот нагласи дека ваквите проекти ја покажувата нивната борба за Македонија. Тој нагласи „тоа е нашата борба, ова ние го мислиме кога говориме за борба“.
Потсети дека е обезбеден е компјутер за секое дете во основните и во средните училишта, а како што вети, почнувајќи од оваа и од наредните две години ќе извршат комплетна замена на истите со нови, посовремени, кои, најверојатно, ќе се таблети со тастатури.
-Достапноста и опфатноста на интернет е зголемена од 16 проценти на над 70 проценти. Додека беа тие на власт да добиеш мрежа за интернет беше еднакво како да добиеш бинго – рече премиерот
Тој не ги изостави ниту пензиите. Посочува дека тие во просек се зголемени за 62 процента, а најниските пензии се зголемени за 76 проценти. Следно покачување е во октомври.
-Покрај ова за пензионерите се обезбедија многу други бенефиции меѓу кои и тоа што 25000 пензионери отидоа на бесплатна бања, а оваа година уште 5.000 ќе одат. Социјалната парична помош е зголемена за 47 проценти, а постојаната парична помош за 46 проценти. Веќе кажав дека следното покачување е во јуни, но денеска сакам да објавам дека тоа нема да биде за 5 осто како што ветивме туку, двојно од тоа, за 10 осто – посочи премиерот на Македонија и лидер на владејанчката партија.
На масовниот собир во Скопје тој потсети дека над 9000 деца од социјално ранливи семејства отидоа на бесплатен одмор и дека платите во јавниот сектор се покачени за 27 проценти и пак ќе растат.
-Обезбедени се преку 300 нови автобуси за градскиот превоз. Обезбедени се 80 нови возила за итна медицинска помош. Повеќе од 600 милиони евра се дадени како субвенции за македонскиот земјоделец. Обезбедени се 107 нови товарни вагони за железницата а ќе пристигнат уште 43, а во производство се веќе композициите на паатнички вагони со кои за две третини ке се замени возниот парк за патници во Македоонија, со нови и најсовремени оваа година – рече премиерот.
Тој ги нагласи и инвестициите во здравството. Обезбедена е најсовремена медицинска опрема и апарати во вредност од над 100 милиони евра. Над 140 милиони евра се инвестирани или се во тек на инвестиција за изградба и реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи.
-Намалени се цените на лековите на над 3000 лекови некаде и до 80 проценти. Со специјален закон овозможивме вработување кое е во тек на над 3000 лица кои беа волонтери – рече Груевски.
Во моментов во Македонија се градат три автопати во должина од над 120 километри, за кои се инвестираат околу 1 милијарда евра Груевски на денешната трибина во СРЦ „Борис Трајковски“ нагласи дека е обезбеден е компјутер за секое дете во основните и во средните училишта.
– Почнувајќи од оваа и наредните две години ќе извршиме комплетна замена на истите со нови, посовремени, кои, најверојатно, ќе се таблети со тастатури. Достапноста и опфатноста на интернет е зголемена од 16 проценти на над 70 проценти. Додека беа тие на власт да добиеш мрежа за интернет беше равно како да добиеш бинго. Цената на телефонскиот импулс е намалена за над 70%. Партиципацијата за студирање на државните универзитети е намалена од 1000 на 200 и 400 евра. Воведена е минимална плата и неколку пати е зголемена со ново веќе најавено зголемување следната година. Решен е статусот на професионалните војници. Од 2006 до сега изградени се 45 основни и 5 средни школи. Реконструирани се 230 основни и 80 средни школи. Изградени се 44 училишни спортски сали и 35 спортски сали. Изградена е Националната арена Филип 2 Македонски и спортско рекреативниот центар Борис Трајковски. Изграден е нов аеродром во Скопје Александар Велики и целосно е реконструиран и модернизиран охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Воведени се над 15 нови авионски дестинации со евтини летови од Скопје до европските метрополи. Обезбедена е визна либерализација – рече премиерот.
Тој потсети дека Македонија шести пат добива позитивен извештај од ЕК и препорака за почеток на преговори со ЕУ. Добиена е позитивна судска пресуда од меѓународниот суд на правдата во Хаг. Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО, и тоа беше потврдено на самитите и во Букурешт, и во Чикаго и во Кардиф.
-Во најтешко време на криза во Европа, кога каматите драстично пораснаа, 350 милиони евра се дадени како евтини кредити за македонските компании на кои им се субвенционира каматата во висина од 5,5 проценти. Во тек е и четвртата транша во вредност од нови 100 милиони евра. Обезбеден е откуп на дворови по 1 евро за метар квадратен. Обезбедена е легализација на дивоградбите и земјиштето под нив по едно евро за метар квадратен. Девизните резерви се над 2 милијарди евра. Тоа значи да се бориш за Македонија! – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.