| четврток, 6 декември 2018 |

„Х-фактор“ стартува од 22 март на Сител

Пејачкото шоу „Х- Фактор“ ќе почне да се емитува од 22 март, секоја недела во 21 часот на Сител. Една од новините во новата сезона е регионалниот карактер со оглед на тоа што ќе биде емитуван дури во пет земји: Србија, Хрватска, БиХ, Македонија и Црна Гора.

Четиричленото жири, составено од Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ, Тончи Хуљиќ и Александра Ковач веќе се добар тим кој подготвено ги дочека бројните натпреварувачи на аудиција. Судејќи според првите коментари, не очекуваат врвни изведувачи и одлична забава оваа пролет.

-Она што е сигурно дека нема да им биде лесно во одлуката кој ќе оди понатаму: Големо оптоварување е тоа што имаш чувство дека ја држиш судбината на некои луѓе во рака. Тешко е да си играте со тие работи. Всушност, јас сакам да им објаснам дека прашање за еден ден во животот. Следната година може да биде нова можност, утре е нов ден, објаснува Тончи Хуљиќ.

Жељко минатата година важеше за најстрог член на жирито, а на прашањето дали така ќе биде и годинава, одговори: Се зависи од натпреварувачите. Мислам дека се има со аргументи со причина. Годинешниве кандидати се фантастични, конкуренцијата е огромна и ќе имаме тешка задача да ги избереме најдобрите, искрен е Жељко.

Масимо веќе најави дека ќе биде ригорозен и реален: „Мислам дека во вакви емисии фалеше малку искреност и малку професионалност“.

Единствената дама во жирито има свој пристап:

-Главно давам поддршка која е важна на оние што ја заслужуваат. Оние за кои мислам дека не треба да се бават со музика тоа им го кажувам на дипломатски начин. Имам педагошки пристап“.

Согласни се и во тоа дека за поминување,  освен добар глас важен е и првиот впечаток што ќе го остават натпреварувачите. На овие четворица во жирито секако ќе му се верува во проценката на квалитетот. Со голема нестрпливост натпреварувањето на пејачите од целиот регион го очекуваат и шармантните водители Александар Радојичиќ, Антонија Блаќе и Снежана Велков кои совршено се вклопија во оваа улога.

Можеме со сигурност да кажеме дека не очекува одлично шоу. Ќе биде многу драматично, возбудливо и напнато до самиот крај, како за натпреварувачите така и за гледачите. Ќе слушнеме коментари со поддршка, аргументирани критики, но и добри гласови. Ќе видиме зошто Масимо Савиќ е вистински џентлмен, но и како жирито е согласно кога нечиј талент е неспорен.

Во недела на 22 март во 21 часот на Сител почнува шоуто кое ќе ве зарази и кое сигурно нема да можете да го пропуштите.

„Х Фактор Адриа“ е реалзиран во соработка со продукциската куќа „Connect Live Media” која стои за овој ТВ формат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top