Според извори на „Нетпрес“ од СДСМ, во партијата владее вистинска паника.
Соочени со огромен пораз, почнуваат стратегија за алиби за наводни нерегуларности, пренесува „Нетпрес“ од свои извори, додавајќи дека на ова работат неколку тимови од луѓе, а сето тоа го координира пратеникот Игор Ивановски, директно спроведувајќи ги насоките дадени од лидерот на партијата Бранко Црвенковски.
Инаку, според анкетите спроведени во изминатиов период од МЦМС и од Институтот за демократија, најголем дел од кандидатите за градоначалници, но и за советници од редовите на СДСМ, се далеку зад кандидатите предложени од владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ единствено има блага предност во Струмица, каде што актуелен градоначалник и кандидат е потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, и во Велес каде што за градоначалник го кандидираат Аце Коцевски.
Во останатите поголеми општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат и двојна предност во однос на своите ривали, како што е примерот со Ивица Коневски во Аеродром, кој, според анкетата на Институтот „Павел Шатев“, има поддршка од околу 57 проценти од граѓаните, а неговиот ривал од СДСМ Диме Велковски само околу 12 проценти. Драстична разлика има и во Штип, Кисела Вода, Град Скопје…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.