Пратеникот Антонио Милошоски гостуваше во вестите на „Сител“ каде подвлече дека утрешната голема трибина на ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје е дел одредовната политичка активност на општинските комитети.
-Ова е една партиска автохтона иницијатива на нашите општински комитети. Целта е да се покаже дека во овие времиња кога некој се обидува на еден подмолен начин да предизвика одредена нестабилност или одредена несигурност, за државата или за граѓаните, да покажеме како најголема и најодговорна политичка партија која што е и носител на власта со своето политичко дејствување дека се залагаме за продолжи овој тек на стабилно развивање и стабилно живеење во Република Македонија, истакна Милошоски.
Милошоски додаде дека утре ќе бидат испратени политички пораки за секоја актуелна тема, која што е или наметната или може да биде наметната од некои политички фактори.
-И тоа не само за политичките теми кои некој друг ги отвора, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе говори и за своите политички и економски проекти за кои сме зеле обврска пред граѓаните на претходните избори кога масовно ја добивме довербата од мнозинството граѓани на Македонија, додаде тој.
Милошоски подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ има концепт ваквите трибини да започнат во главниот град, а потоа да продолжат во другите градови низ Македонија, за да бидат достапни на сите граѓани.
-ВМРО-ДПМНЕ стои зад концептот на стабилна Македонија, да нема неизвесност, да се работи на проектите за кои што сме превезеле обврска, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга