| четврток, 6 декември 2018 |

Голема магнетна бура ќе ја погоди Земјата: Што може да очекуваме?!

Според информациите на Американскиот центар за предвидување на времето во вселената, во Булдер, Колорадо, експлозијата ќе предизвика гаснење на некои радио-врски со високи фреквенции над одредени области.

Опсерваторијата на НАСА ги забележала и првите значајни соларни експлозии. Тие биле забележани уште во текот на вчерашниот ден. Се смета дека тие се најмоќни за оваа година, а се предвидува дека ќе може да предизвикаат и магнетна бура на Земјата.

Соларните бури се моќни изливи на радијација, но штетните зрачења кои настануваат во текот на оваа појава не можат да минат низ атмосферата, така што нема да може да влијаат врз луѓето на површината на Земјата.

Меѓутоа, ако тие бидат доволно интензивни, може да ја пореметат атмосферата во оној слој каде се наоѓаат каналите за комуникациони сигнали и GPS. Овие вжарени честички се емитуваат од активната област 12297 на Сонцето, класа X2.2.

Според информациите на Американскиот центар за предвидување на времето во вселената, во Булдер, Колорадо, експлозијата ќе предизвика дури и гаснење на некои радио-врски со високи фреквенции над одредени области.

Соларната бура настанува кога магнетната енергија која е изградена во соларната атмосфера одеднаш ќе се отпушти во активните региони околу сончевите дамки. Зачестеноста варира од неколку дена кога Сонцето е особено активно, до недела дена во текот на мирните периоди.

Количеството кое се ослободува е еквивалентно на милиони водородни бомби од 100 мегатони кои експлодираат во ист момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top