| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Природните непогоди нанесуваат штети од 300 милијарди долари

непогоди

Елементарните непогоди ширум светот годишно предизвикуваат штети од по 300 милијарди американски долари, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во обраќањето на отворањето на Третата светска конференција за намалување ризикот од елементарните непогоди, што се одржува во јапонскиот град Сендај.

Според Бан, доколку секоја година бидат одделувани по шест милијарди долари за поддршка и развој на програмите за превенција и намалување на ризиците од природните кастастофи, штетите што тие ги предизвикуваат за целиот период до 2030 година би се свеле на 360 милијарди долари.

– На оваа конференција планираме да ја разгледаме реалноста со која се соочуваат милиони луѓе ширум целиот свет. Во нашите дискусии мораме да ги имаме предвид потребеите на овие луѓе – изјави Бан во воведното излагање.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе во своето обраќање најави дека Јапонија во следните четири години ќе издвои четири милијарди долари за минимизирање на последиците од природните катастрофи во светот, што ќе вклучува и санација и изградба на инфраструктурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top