Иако Барак Обама е најмоќниот човек на светот, сепак, многу луѓе имаат подобар телефон од него.
Обама синоќа во емисијата „Џим Кимел во живо“ изјави дека нема паметен телефон, не пишува смс пораки и ретко твитува.
– Не можам да користам телефони со камери, така што многу нови работи, од безбедносни причини не ги добивам – изјави Обама, наведувајќи дека неговите ќерки имаат паметни телефони.
Тој додаде дека има телефон марка „Блекбери“ и дека од модерни комуникации користи електронска пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија
-
Конгресмени во итна мисија на Балканот
-
Не полнете ги мобилните телефони преку ноќ: Овој човек го држел телефонот на полнач цела ноќ, плати со живот
-
Децата на Билј Гејтс добиле паметни телефони дури на 14 години