| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездите на „50 нијанси на сивo“ заработиле само по 250.000 долари

lead

Ако евентуално се прави топ листа на филмови очекувани со најголемо нетрепение лани, речиси сигурно на првото место ќе се најде „50 нијанси на сивата“, па затоа и не изненадува што ова филмско остварување заработи над 550 милијарди долари на благајните на кино салите.

Но, споредено со доходовната заработка на продуцентите, излегува дека главните актери во филмот работеле само за „нешто ситно“. Имено, како што наведува „Холивуд Репортер“, ѕвездите на филмот Дакота Џексон и Џејми Дорнан заработиле по 250.000 долари.

Иако, овие суми се „ситница“ во однос на тоа колку заработуваат некои нивни колеги, сепак магазинот оценува дека Џексон и Дорнан би можеле одлично да профитираат од продолжението на филмот.

Така, неодамна беше објавено дека за настап во продолжението на „50 нијанси на сивата“ на Дорнан му биле понудени седум милиони долари.

„Холивуд Репортер“ наведува дека ваквата пракса не е ништо ново за Холивуд, имајќи предвид дека Џенифер Лоренс за првиот дел на „Игра на гладта“ заработи 500.000 долари, но веќе во продолжението нејзиниот хонорар достигна 10 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top