| четврток, 6 декември 2018 |

Пријава за данокот може да се поднесе и во понеделник

ujp-zgrada

Годишна даночна пријава ќе може да се поднесе и во понеделник, на 16 март, бидејќи недела кога истекува рокот е неработен ден, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП).

УЈП информира дека годишна даночна пријава може да се поднесе и в сабота во регионалните дирекции и даночните одделенија на УЈП од 08:30 до 14:00 часот, како и во Контакт центарот на УЈП од 09:00 до 20:00 часот. Доколку граѓаните сакаат да ги избегнат метежите пред даночните шалтери, годишната даночна пријава може да поднесат и преку пошта во еден примерок на адресата на надлежната регионална дирекција на УЈП, на која според местото на живеење припаѓа подносителот, како и преку електронските даночни сервиси за што подносителот требно да поседува дигитален сертификат на УСБ токен издаден од овластена куќа.

Според последните податоци, 330.737 граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување годишна даночна пријава до УЈП, од кои 1.575 ја искориле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.

И покрај големиот број годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), според соопштенуето, не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top