Во Кинотека на Македонија од 16 до 22 март ќе се одржува традиционалната недела на италијански филмови „Прозорец кон италијанскиот филм“ со секојдневни проекции од 20 часот.
Филмската ревија в понеделник ќе биде отворена со филмот на браќата Тавијани „Фармата на чучулигите”, а во наредните денови ќе бидат прикажани уште шест филмови од италијанската кинематографија, со превод на македонски јазик, соопшти Амбасадата на Италија, организатор на манифестацијата.
Од вторник до недела ќе бидат прикажани и „Индустристијалецот“, „Maternity blues“, „Еквилибристи“, „Сто клина“, „Добро утро, тато“ и „Столот на среќата“.
Сите проекции се бесплатни за посетителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


