Фабриката за производство на феролегури „Југохром“ во Јегуновце почна со спроведување на проектот со кој се предвидува изградба на прочистителна станици за прочистување на издувните гасови од производството на фабриката. Работата на станиците, покрај заштита на животната средина, ќе овозможи и нови вработувања во фабриката која во моментот работи со половина капацитет и има над 1.000 вработени.
Целокупната инвестиција која опфаќа изградба и опремување на три прочистителни станици, планирано е да се заврши до крајот на оваа година. Изградбата на филтер станиците чијшто габарит ги надминува дури и димензиите на производствените погони на фабриката, ќе овозможи задржување на правта која се создава со производство на феросилициум и прочистување на чадот кој се испушта од фабриката до ниво на концентрација на ПМ10 честички од 10mg/m³. Според позитивните прописи дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот изнесува 50mg/m³.
– За реализација на инвестициски проект од оваа големина потребни се време и финансиски средства. Оттука со задоволство можам да кажам дека „Југохром“ го започна овој инвестициски процес, за чија реализација во најголем дел се ангажирани домашни компании. До крајот на оваа годинa можеме да очекуваме заокружување на инвестицијата, а со тоа и зголемување на искористеноста на капацитетите на фабриката и нови вработувања – изјави Славко Стојчески, технички директор во „Југохром“.
Фабриката за производство на феролегури „Југохром“ произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Работењето на фабриката има значајно влијание врз економијата на земјата, учествувајќи со 0,9% во БДП и 7% во извозот од металопреработувачката индустрија. Покрај редовните вработувања, функционирањето на фабриката овозможува уште над 5.000 индиректни вработувања во компании чие работење е поврзано со „Југохром“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Југохром“ со кредит од Владата ќе купува филтри
-
Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протести пред Владата
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500


