Основачот на„ Викиликс“, Џулијан Асанж ја прифати понудата на шведските обвинители да биде сослушан во Амбасадата на Еквадор во Лондон за обвинувањата за силување, изјави неговиот адвокат.
– Ние соработуваме во истрагата. Тој ќе го прифати барањето – изјави Пер Самуелсон.
Обвинителите бараат и да се направат ДНК-анализа.
Шведскиот адвокат на Асанж изјави дека го поздравува таквото барање неговиот клиент да биде испитан во Амбасадата на Еквадор во Лондон, додавајќи дека процесот може да потрае.
Австралиецот Асанж се наоѓа во Амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година за да ја избегне екстрадицијата во Шведска поради обвинението за сексуален напад и силување. Основачот на Викиликс ги негира обвинувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


