| четврток, 6 декември 2018 |

ИД егзекутира десетици дезертери

id-ekzekutira-desetki-dezertiori-291194

Десетици лица, борци на страната на ИД, беа егзекутирани крај ирачкиот град Мосул, пренесе „РИА Новости“.

Според претставник на курдска партија, екстремистите ги убиле своите членови како казна за нивното напуштање. Курдите наведува дека се егзекутирани најмалку 38 луѓе. Во информацијата не се наведува кога дезертирале убиените.

Ирачката армија почна да ги турка екстремистите од северниот град Тикрит. Доколку има успех во ослободувањето на градот, војниците на владата во Багдад може да тргнат кон Мосул, главниот град на објавениот од ИД калифат.

Лидерот на џихадисти Абу Бакар ал Багдади, се прогласи за калиф и за духовен водач на сите муслимани во светот во текот на летото на 2014 година. Последниот човек што ја имал оваа титула е султанот на Отоманската Империја, Мехмед VI, соборен од Мустафа Кемал Ататурк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top