| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ: 10 поранешни украински граничари заробени во Луганск

обсе

Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека проруските сепаратисти од Лугнаск заробиле 10 поранешни припадници на украинската погранична служба.

Како што јави агенцијата „Укринформ“, жителка на градот Свердловск, кој се наоѓа на 61 километар југоисточно од Луганск, ги информирала претставниците на Мисијата на ОБСЕ дека припадници на сепаратистичките сили на 7 март го уапсиле нејзиниот син, кој бил поранешен војник на украинската погранична служба.

Извори во редовите на сепаратисите за ОБСЕ потврдиле дека нивните сили држат 10 поранешни укараински граничари, кои се под истрага, но засега за нив не се покренати никакви обвиненија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top