Акустичниот концерт на Бора Чорба, кој беше закажан за оваа сабота, 14 март во Универзална сала, поради затворање на истата, се преместува за в недела, 22 март, во Македонска опера и балет.
Концерот во МОБ ќе почне од 20 часот.
Важат билетите кои публиката ги купи за концертот во Универзална сала, а дополнитeлно билети по цена од 900 денари, можат се уште да се набават, во „Југотон”, „Камарад”- Рамстор и „Розе”- Веро 2.
Овој музички настан носи наслов „Чорба се слуша и без струја”, најавен е како анплагд концерт на белградската рок група „Рибља чорба”, но овој пат придружени од повеќе гудачи на сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.